Систематски преглед

Секој одговорен сопственик на домашен миленик се труди да го одржи својот миленик во најдобра физичка кондиција и оптимално здравје. Тоа е првата задача и на вашиот ветеринар, а заедно можете годините кои му следат на вашето куче или маче да му ги направите поубави. Првиот чекор кон добро здравје е рутински (систематски) преглед кај ветеринар.

Прегледот е важен затпа што нуди можност некои болести да се спречат или да се открие болест на самиот почеток, што многу го олеснува и скратува лечењето. За жал голем број на сопственици не знаат за важноста на ваквите прегледи, затоа што ним, на прв поглед, нивните миленици им изгледаат здрави. Меѓутоа, мора да се забележи дека сопствениците не можат да ги видат или препознаат раните знаци на голем број болести

 

Дебелина

За време на прегледот, вашиот ветеринар може да заклучи дали вашиот миленик има проблеми со прекумерна тежина, а исто така може да ви даде и совети дали може да оди на диета, т.е. каква диета да се направи со оглед на здравствената состојба и годините на вашиот миленик.

 

Прашања и одговори

Прегледот им нуди можност на сопствениците да го прашаат својот ветеринар се што ги интересира во врска со здравјето, исхраната, тренингот и хигиената на нивниот миленик

 

Како изгледа прегледот

Пред да започне самиот преглед, ветеринарот го прашува сопственикот во врска со однесувањето и здравјето на кучето или мачето. Тоа е многу важно за ветеринарот за да добие слика во каква средина се движи миленикот и каков начин на живот води. На пример, кога же му кажете дека вашиот миленик јаде многу и губи на телесна тежина, а поминува многу време надвор, прво на што ветеринарот може да помисли се проблеми со паразити. Цревните паразити се многу чест проблем кај домашните миленици, па дури може и да ги убијат. Цревните паразити се многу важни затоа што нив можат да ги добијат и луѓето. Чистењето од паразитите е едноставно и не е скапо.

По разговорот со сопственикот, ветеринарот пристапува кон прегледот. Прегледот започнува од главата каде ветеринарот ги прегледува очите, ушите, муцката и устата. Прегледот на забите е многу важен, затоа што повеќе од 85% од кучињата и мачките по четвртата година од животот имаат некој од степените на периодонталните болести. Раното откривање на парадентозата е многу важно не само за ефикасен третман, туку и да се сочуваат забите на миленикот во евентуалната подоцнежна фаза од болеста. По прегледот на главата, ветеринарот со стетоскоп ги слуша градите за да се осигура дека нема знаци на дишни или срцеви заболувања. Со палпација (опипување) ветеринарот го врши прегледот на стомачната празнина за да провери во каква состојба се бубрезите, цревата, желудникот и црниот дроб.

Нашата локација

 

Контакт

 

Работно време

  • Понеделник - Петок:
  • 09:00 - 19:00
  • Сабота:
  • 09:30 - 14:30