Глодари

Хрчак

Веќе неколку децении хрчакот спаѓа во најбројните и најпопуларните домашни миленици, но без оглед на тој факт, луѓето за овие мали слатки суштества знаат многу малку.

Дали знаете дека хрчакот е глодар и дека запчињата му растат целиот живот? Дека најмногу сака да живее сам? Дека е ноќно животинче? Дека не е погоден за деца помали од десет години? Дека не е домашно милениче кое сака да се гали и игра, и дека контакт со човекот мѕ е најчесто непријатен и стресен? Дали знаете дека ако избега од кафезот може да направи штета во вашиот дом? Дека живее многу кратко, 1,5 - 3,5 години?

Дали размислувате да вдомите мал хрчак? Секако прочитајте го овој текст и информирајте се за овој неодолив глодар пред да ја донесете конечната одлука.


Општо за хрчак

Хрчаците се глодари со големи округли очиња, дебелки обравчиња и прчесто носе. Од внатрешната страна на образите имаат карактеристични „кесички“ за собирање на храна. Влакното им е во сите бои, навистина се разиграни и интересни се за надгледување. Цената на хрчакот, храната и кафезот е пристапна и достапна секому, што е една од главните причини за нивната глобална популарност. Во природата живеат повеќе од дваесетина различни раси на ова животно, а кај нас во продажба може да се најдат три раси кои се одгледуваат и чуваат како домашни миленици:

- Златен или сириски хрчак (Mesocricetus auratus) – донесен од Сирија во Европа во 1948 година. Поради едноставниот начин на одгледување и брзото размножување набрзо се проширил низ целиот свет, каде со вкрстување се добиени хрчаци со различни бои и должина на влакно (златен, сатенски, сив, шарен, црн, долгодлак „teddy“ хрчак и многу други). Сирискиот хрчак е долг околу 18 cm, со просечна тежина од околу 180 грама. Поради својата питомост и големина, идеален е како прво домашно милениче на секое дете, а освен тоа детето потешко може да го повреди, што не е случај со џуџестите раси

- Руски хрчак (Phodopus sungorus) – спаѓа во џуџестите хрчаци. Возрасните се долги до 10 cm и тешки се околу 50 грама. Крзното им е со сивкаста боја со бел стомак и карактеристична темна линија по 'рбетот. Денес може да се набави во три бои: класична сива, сина и бела боја. Поради незнаење на продавачите во пет-шоповите често се продава како „кинески“, што е потполно неточно. Вистинскиот кинески хрчак живее во природа и на изглед навистина потсетува на рускиот, но има карактеристично долга опашка и кај нас не се одгледува како домашен миленик.

- Роборовски хрчак (Phodopus roborovskii) – уште една раса на џуџести хрчаци. Крзното му е светлокафеаво до жолтеникаво, без темна линија по 'рбетот. Оваа е најмалата раса, со должина до 8 cm и тежина до 25 грама. Роборовски хрчак, за разлика од сирискиот и рускиот, може да се чува и во помали заедници и не е агресивен кон другите хрчаци од истата раса (единствено ако се од исто легло). Џуџестите хрчаци во пет-шоповите се дојдени многу подоцна од сирискиот хрчак, па поради таа причина тие се поатрактивни и попопуларни.


Набавка на хрчак

Златно правило пред набавка на било кој домашен миленик, па така и за хрчак, е пред да се набаваи животно да се разговара со своите членови на семејството и доколку сите се сложат, тогаш набавете го. Хрчакот никогаш не го купувајте за подарок, особено не на малите деца. Хрчакот е животно за гледање, а не за игра и дресура.

Хрчакот е најдобро да се набави од одгледувач, затоа што на тој начин ќе можете да го видите со својата мајка, условите во кои животните се држат, а одгледувачот сигурно би ви дал и корисни совети за самото животно. Друг најдобар начин е да набавите млад хрчак од познат или од пријател, а како последен избор треба да биде пет-шоп затоа што тие најчесто продаваат животни со сомнително потекло, здравствена состојба и старост.

Кога одите да го купите својот нов миленик, идеално е да се оди доцна во попладневните часови, затоа што тогаш хрчаците се будат и стануваат активни. Распрашајте се кај продавачот за староста на животните (најдобро е да се купи хрчак стар 4-6 недели) и секако замолете го да го извади од кафезот. Здрав хрчак е активен, разигран и љубопитен, има бистар поглед и големи очи. Слузницата на носот му е розева и малку влажна

Стомачето е полно, чисто, а околу половиот и аналниот отвор не смее да има никаков исцедок, извалкани влакна од измет или непријатен мирис. Дишењето на здравиот хрчак е правилно, нечујно и мирно. Влакната му се правилно распоредени, густи, без ранички или повреди. Се препорачува да се земе еден хрчак, но ако сепак сакате два или повеќе, осигурајте дополнителен кафез во кој ќе можете да ги разделите доколку дојде до несакани борби меѓу нив.

Покрај хрчакот, секако потребно е да се набави и соодветен кафез со дополнителна опрема. Ова не би требало да биде проблем, со оглед на фактот дека денес во слободната продажба постои голем избор на кафези со различни големини и облици. Кафезот никогаш не може да биде преголем, па ако во вашиот дом имате доволно простор, не ги купувајте оние најмалите. Кафезот за сирискиот хрчак мора да биде најмалку 80cm широк и 40cm длабок. Џуџестите хрчаци може да се држат и во помали кафези, со ширина 60cm и длабочина од 40cm. Кафезот може да биде и со помали димензии, но тогаш мора да има повеќе нивоа.

Дното на кафезот е пластичен кој лесно и едноставно се чисти. Висината на пластичниот дел на кафезот е околу 10см.што спречува да се исфрла пилевината од кафезот. Решетките на кафезот треба да бидат од поцинкувано жеелезо. Лакираните и пластични решетки не се идеален избор, бидејќи хрчакот лесно ќе ги изгрицка, а лакираните жици многу лесно корозираат. Оптималното растојание меѓу решетките во кафезот изнесува 7 и 12мм.

Во последно време како кафези се користат стаклени аквариуми. Тие ги имаат своите предности затоа што оневозможуваат бегање на животното, како и истурање на трињето надвор од него. Кај нив особено е важно да се обезбеди циркулација на воздухот кое знае да биде отежнето, особено ако имаат капак.

Трињето мора добро да ги впива течностите и не смее да биде прашкасто, ниту пак да содржи отровни материи. Се распоредува рамномерно на дното од кафезот во слој со дебелина од три до пет центиметри. Наместо триње, немојте да користите песок за мачки или миризливо триње кои често предизвикуваат алергиски воспаленија на кожата, како и проблеми со дишењето

Со оглед на тоа што хрчаците нуждата ја вршат исклучиво во еден агол од кафезор, добро е да набавите аглеста подлога за кафезот во која ќе ставите триње, а многу е практична и за чистење затоа што брзо ја вадите и чистите без непотребно чистење на целиот кафез.

 

Морско прасе
Морското прасе потекнува од Јужна Америка, терминот "морско" нема никаква врска со неговите пливачки способности. Како и другите глодари, не сака баш многу да се бања и мокри со вода. Морските прасиња кои се продаваат во продавниците за домашни миленичиња имаат изгубено многу од заедничките особини со нивните предци од Јужна Америка, бидејќи тие претставуваат само уште една од генерациите кои израснале во продавница за миленичиња (пет шоп). За жал, во пет шоповите не ги разделуваат машките од женските морски прасиња и често се случува да се вкрстат прасиња кои се во крвно сродство, што од аспект на генетиката не е добро. Ова е веројатно една од причините зошто морските прасиња имаат толку нежно здравје. Покрај погрешното мислење дека морските прасиња сакаат да се бањаат, друга широко распространета илузија е дека морското прасе е идеален миленик за мали деца и дека не бара многу нега. Не! Морските прасиња се слатки, мили животинчиња и бараат да им се обрати големо внимание во однос негувањето, пред се поради нивното нежно здравје, па ако сакате да им пружите долг и среќен живот, бидете подготвени да им пружите доволно внимание! Нивниот просечен животен век е 5-7 години.

Сместување: Морските прасиња не сакаат да го поминат животот во мал кафез за хрчак туку имаат потреба од многу поголем кафез во кој тие ќе можат да трчаат наоколу и да бидат во форма. За жал, кај нас многу ретко можат да се најдат големи кафези за глодари или огради од кои самите сопственици би можеле да направат еден убав кафез, така што им останува на сопствениците самите да осмислат како ќе изградат поголем кафез, тоа може да бидат импровизирани кафези направени од табли или жици купени на пазар.

Подлога: Како подлога можете да користите пилевина, крпи, ќебиња. При купувањето на пилевина бирајте некоја покрупна, бидејќи малите парчиња од пилевина можат да ги иритираат нивните дишни патишта. Исто така, ако пилевината потекнува од иглолистни дрвја (иглолистните дрвја ќе ги препознаете по нивниот силен мирис), оставете ја пилевината неколку дена да постои на отворено место за да изветрее мирисот и да испарат ароматичните масла кои се штетни за нивните дишни патишта. На колку дена ќе го чистите кафезот зависи од тоа колку голем кафез имате, колку морски прасиња имате, што користите како подлога, и во кое годишно време сте. На пример, ако имате две морски прасиња во кафез со големина од 1m x 0.5m кој е покриен со пилевина, во зима ќе биде доволно да го чистите еднаш неделно, а во лето почесто.

 

Зајак

Зајчиња: Зајаците одсекогаш биле многу популарни домашни миленичиња меѓу најмалите, но постојат неколку работи за грижа и нега на зајаците кои родителите не ги знаат, но се многу важни.

Кафез: За зајаците од суштинско значење е да имаат доболно слобода за движење и тoa е една од најважните работи што треба да ги знаете пред да вдомите еден крзнен пријател. Сепак, тие сакаат и многу дружење! Затоа, имајте на ум дека зајачињата не треба постојано да бидат во кафез - тој е потребен на почетокот, додека зајачето сеуште се навикнува на извршување на физиолошките потреби на песок.

Песок: Кога зајакот веќе ќе се навикне на користење на песок, кутиите со песок треба да се распоредат на неколку места низ собата бидејќи зајачињата сакаат да трчкаат по целата соба и треба да имаат можност на повеќе места да ги обават своите физиолошки потреби. Песокот треба да се менува редовно, бидејќи урината на зајакот има силен и непријатен мирис кој може да се елиминира само со стерилизација на зајакот.

Игра: Зајачињата сакаат да бидат опкружен со луѓе или други зајаци, но има моменти кога сакаат да бидат сами. Ако сакаат да си играат и да се галат, тие самите на еден начин ќе го побараат тоа од сопственикот. Исто така, не заборавајте дека ако зајакот премногу долго остане без било каков контакт со човекот, зајакот страда поради тоа а може и да угине.

Носење: Зајаците уживаат во игра и дружење, но само многу мал број на зајаци сакаат да бидат носени во прегратка. Поради тоа, не се препорачува зајакот да стане член на семејство во кое има многу мали деца кои се уште не знаат како да го контролираат својот стисок. Имено, доколку зајакот се чувствува загрозен тој може да се одбрани користејќи ги своите заби.

Исхрана: Зајаците кои се хранат само со гранули најчесто се со прекумерна тежина и не ги добиваат хранливите материи кои им се потребни. Најзастапени намирници во исхраната на зајаците би требало да бидат свежиот зеленчук и сеното бидејќи на зајаците им е неопходно да примаат влакна. Во зависност од тоа колку е голем зајакот, треба да му давате 2-4 чаши свеж разноврстен зеленчук. Овошјето совршено може да послужи како еден вид на награда, и тоа само во количина од 1-2 лажици на ден.

 

Глушец

 

Артиклот е во фаза на изработка

Нашата локација

 

Контакт

 

Работно време

  • Понеделник - Петок:
  • 09:00 - 19:00
  • Сабота:
  • 09:30 - 14:30